Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бившата носителка на најпрестижната награда за убавина, Мис на светот, Пријанка Чопра и пејачот Ник Џонас направија луксузна раскошна боливудска свадба.
Свадбата се одржа во палата во Индија, каде младоженците имаа христијанска венчавка. Боливудската актерка и тексашкиот пејач си ги разменија брачните завети во палатата Умаид Баван во индиската покраина Џодпур.
По оваа церемонија , која беше проселедена со голем огномет, денеска младите ќе одржат уште една венчавка според хиндуистичката традиција. Пријанка и десет години помладиот Ник се верија пред неколку месеци.
Младоженците се попфалија и на социјалните мрежи каде напишаа дека се пресреќни со тоа што ги споија традициите, верата и културите на двете земји.
Пријанка лани од магазинот Форбс беше прогласена меѓу првите 100 највлијателни жени на планетата. Чопра, освен во Боливуд има успешна актерска кариера и во Холивуд во серијата Квантико и уште неколку филмови. Во јуни беше гостин и на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари.