Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тимот на Вардар денес запиша победа против Кјелце со 28:27 и така првиот дел од Лигата на шампионите ќе го заврши на втората позиција.
Вардар од самиот почеток започна одлично и стекна предност која одлично ја чуваше, а на седум минути пред крајот на првиот дел таа изнесуваше и највисока од +5 голови разлика.
Во последните минути од првиот дел Кјелце одигра нешто подобро па на полувреме Вардар замина со преднсот од три голови разлика 14:11.
Во вторите 30 минути Кјелце продолжи со добрата игра од првиот дел. Гостите успеаа и да го добијат вториот дел со 14:16, но за наша среќа предноста од првиот дел беше доволна за Вардар да слави победа со 28:27.
Кај Вардар најефикасни беа Скубе и Криштопанс со по четири гола, додека Алекс Душебаев беше најефикасен кај Кјелце со пет гола.