Со шатори пред Собрание против уставните измени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со десетина шатори поставени пред Собранието приврзаниците на „Македонија блокира“ ќе се обидат да го спречат или попречат процесот на уставните измени и промена на името на државата. На денешниот протест кој почна паралелно со пленарната седница во Собранието, од импровизираната говорница беа упаtени обвинувања до полицијата, министерот Спасовски и премиерот Заев дека ги попречиле со тоа што не им дозволиле да ја блокираат улицата и им ја исклучиле струјата.

На говорницата се менуваа лидерите на помали политички партии и граѓански здруженија кои се дел од коалицијата Македонија блокира и Kризниот штаб против промена на името. Барањата и пораките беа слични. Оставка на парламентарниот состав и Владата, предвремени избори, граѓанска непослушност, поништување на договорите со Грција и Бугарија и блокада на државните институции. Во знак на револт беа запалени и копии од двата договори.

Говорниците на протестот тврдеа дека не станува за борба за власт туку борба за спас на Македонија и зачувување на името и идентитетот. Потенцираа дека сите пратеници кои ќе гласаат ќе понесат одговорност.

На протестот беа упатени критики и кон претседателот Иванов кој според говорниците не покажал одлучност и не застанал во одбрана на државата и побараа да го напушти, според нив, инертниот став.

Од бината на протестот неколкупати беа повикани сите пратеници од опозицијата, вклучувајќи ги осумтемината кои гласаа за уставните измени, да ја напуштат пленарната седница во Собранието и да им се придружат.

Извор: Телма