Нова расправија меѓу Мурињо и Погба – причината е бизарна!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека дошло до нова расправија помеѓу менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо и најскапиот фудбалер на тимот Пол Погба.

„Сан“ открива детали, а причина за расправијата е, верувале или не, посетата на фризер во хотелот каде се наоѓале фудбалерите ден пред мечот со Кристал Палас.

Поради тоа Мурињо одлучи да го остави Погба на клупа на мечот против Јанг Бојс, а шанса за игра доби во последните 25 минути.

Проблемите помеѓу Погба и Мурињо започнаа уште во септември, кога Португалецот се налути поради едно видео на социјалните мрежи, после кое одлучи на Французинот да му ја одземе „титилата“ заменик капитен.

Сега повторно дошло до расправија бидејќи Мурињо не може да ја трпи несериозноста на 25-годишниот фудбалер, кој решил да посети фризер додека требало да одмара во хотелот.