Саудиска Арабија ќе купува од САД одбранбени системи „тешки“ 15 милијарди долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


САД и Саудиска Арабија се на чекор до финализирање на мегаломанскиот купопродажен договор за антибалистички одбранбени системи кои Арапите ќе ги купуваат од САД за 15 милијарди долари.

Според договорот, писмо на понуда и прифаќање, потпишан меѓу саудиските и американските официјални претставници, направен е значаен чекор напред во договорот од 15 милијарди евра.

Саудиските официјални претставници, заедно со нивните колеги од САД, го потпишале клучниот договор помеѓу владите претходно неделава, отворајќи го патот за огромната продажба на 44 лансери, проектили и опрема ТХААД.

ТХААД се смета за едно од најдобрите оружја на американскиот одбранбен систем, а го произведува Локхид Мартин, главниот снабдувач на Пентагон.

Набавката на ракетните системи доаѓа во време кога расте притисокот врз Саудиска Арабија поради убиството на новинарот Џамал Кашоги, но и поради улогата на таа земја во војната во Јемен.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ја истакна важноста на одбранбените договори за да ја оправда поддршката за Саудиска Арабија.

САД и Саудиска Арабија ги почнаа преговорите за системите ТХААД во декември 2016 година.