Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Седнати еден до друг, актерот на совозачкото, а премиерот на Унгарија на возачкото место, Чак Норис и Виктор Орбан се возикаа низ Будимпешта, кинисани да следат антитерористички вежби во Унгарија.
„Знаеш, јас всушност сум уличен борец. Не доаѓам од елитата. Јас потекнувам од мало село на 40 километри одовде“, му вели во еден момент Орбан на Норис.
Ѕвездата позната по акционите филмови со боречки вештини го спореди унгарскиот политичар со американскиот претседател Доналд Трамп, откако Орбан му посочи дека „либералите го мразат и оти 90 отсто од коментарите за него се негативни“.
Чак Норис е во посета на Унгарија, во рамките на иницијатива во добротворни цели. Портпаролот на кабинетот на Орбан соопшти дека американскиот актер ќе одржи неколку презентации во Унгарија, потврдувајќи ја средбата со премиерот.