Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес ќе имаме променливо облачно време со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.
Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Крива Паланка и Берово 10, Кавадарци и Дојран 15, Маврово 7, Прилеп 13, Охрид 12…
И утре времето ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, но со слаб интензитет.
Дневните температури ќе се движат од 2 во Маврово до 11 во Гевгелија.