Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Благодарение на добро организиран план за бегство и добра реализација на тоа сценарио, бившиот премиер Никола Груевски успеа да им избега на полициските и судските власти во Македонија и сега ги ужива бенефициите од политичкиот азил во Унгарија.
Се чини дека таквиот план бил убаво смислен две недели порано при неговата средба со амбасадорот на Унгарија во Македонија. Еден ден пред датумот да се појави во затвор, тој создаде впечаток дека купува облека и неопходни работи за во затвор. Два дена пред бегството, според информациите на Алсат, тој исто така ги поздравил своите роднини и некои негови блиски соработници, пренесува Алсат-М.
Од доверливи извори на Алсат, се дознава дека Груевски бегството го направил во неколку фази. Планот за бегство започнал во вечерните часови, кога, наводно, со неговиот автомобил излегол да се вози низ главниот град. Неколку минути подоцна, Груевски почнува да го спроведува планот за бегство. Се смета дека од гаражата од блокот каде што живее излегол со својот автомобил. Од излезот од гаражата, се смета дека бело возило „Фиат“ го следел до кружниот тек во една населба, недалеку од центарот на Скопје.
Оттаму безбедносните камери „Сејфсити”“ сведочат дека автомобилот „Фиат Пунто“ со зелена боја се враќа во гаражата, но не и поранешниот премиер. Се смета дека тој уште на почетокот не се качил во неговиот личен автомобил, туку директно во автомобилот на унгарските служби, а неговиот личен автомобил го возел вработен од унгарска амбасада, а потоа го вратил во гаражата.
Од кружниот тек се сомнева дека автомобилот тргнал кон Дебар, од каде неофицијално се дознава дека Груевски ја преминал илегално границата меѓу Македонија и Албанија. За да не падне во очи на полициските служби, се дознава дека Груевски употребил секундарни патишта, а не автопат каде што постојат безбедносни камери.
Изворите зборуваат за телефонски разговор меѓу Груевски и премиерот Заев, неколку минути пред поранешниот премиер да го спроведе својот план за бегство. Алсат го контактираше премиерот Заев, кој го отфрлил ова, додавајќи дека Заев долго време немал директен контакт со Груевски, освен во одредени случаи кога тие комуницирале преку своите курири.
Во таква ситуација, аналитичкиот сектор на УБК се покажа дека потфрлил, особено не земајќи ги во предвид индициите за неговото бегство. За да се оправда, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прстот го впери кон Основниот суд, за немање овластувања за ПИ мерки и оперативни информации за можното бегство на Груевски.
Користејќи ги меѓудржавните договори за гранично преминување со лична карта, а која претходно судот не ја конфискувал од Груевски, ова придонесе поранешниот премиер нелегално да влезе во Албанија, додека од Албанија да излезе со дипломатски автомобил на унгарската амбасада преку граничниот премин Хани и Хотит на границата со Црна Гора. Патот на Груевски во Албанија покрена сомневање во врска со вклученоста на албанските власти во неговото бегство, бидејќи албанската држава дури и по оперативните информации не успеала да го спречи неговото нелегално влегување.
Личната карта ја користел за утврдување во вообичаени ситуации, бидејќи патувањето со дипломатски автомобил му гарантирало посебен статус. Албанските власти излегоа со официјален став потврдувајќи го движењето на Груевски низ Албанија, но не одговорија на прашањата дали Албанија е замешана во неговото бегство. Претседателот Илир Мета бегството на Груевски го оцени како неодговорно, иако беше еден од обвинетите за бегството на Груевски кон Унгарија, благодарение на неколкугодишната соработка што ја имаа СДИ и ВМРО – ДПМНЕ во Пустец. Експертите фрлаат светлина на барањето на Груевски за азил преку Тирана и зошто токму избра да избега преку Албанија, која последниве три години од власта, за Груевски беше држава со територијални претензии и со намери за федерализација и благодарение на Тиранската платформа, како што ја оцени неговата партија до пред крвавиот 27 април, беше алиби за да не ја предаде власта.
На 11 ноември во 19 часот Груевски се дознава дека влегол во Црна Гора преку граничниот премин Хани Хотит со службени возило на унгарската амбасада во Тирана, со таблички CD1013A. Се дознава дека Црна Гора ја напуштил во 22 часот. Црногорските власти не го коментираа движењето на Груевски, освен дека „во системот на истрага не била пријавена ниту една мерка кој го забранува движењето на државјанинот Груевски“. Од друга страна, ниту српските власти досега не коментираа службено.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека Груевски цело време бил во придружба на Унгарците и дека за безбедносните органи не претставувал опасност. Вучиќ го оправда бегството на Груевски, оценувајќи ја пресудата за него како политички прогон. Поранешниот српски претседател, Борис Тадиќ го обвини Вучиќ за вмешаност во бегството на Груевски кон Унгарија.
На 13 ноември Груевски преку својот Фејсбук профил соопшти дека се наоѓа во Унгарија и дека побарал азил. Три дена подоцно, Груевски потврди дека унгарските власти му го прифатиле барањето за азил. Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, согласноста за азил ја образложи со стратешко партнерство што Груевски и Орган го имале со години. Унгарската опозиција, но и меѓународната јавност, се уште чекаат на аргументите на унгарската влада за засолнувањето на Груевски. Меѓу двете земји нема договор за екстрадиција, но властите во Македонија повикувајќи се на меѓународните конвенции побараа екстрадиција на Груевски за да ја одлежи изречената казна. Сепак, Унгарија инсистира дека Груевски нема да биде екстрадиран, дури унгарскиот министер за надворешни работи истакна дека Груевски има можност да замине и од Унгарија.
Од тогаш, домашните власти работат на расветлувањето на неговото бегство, но и по две недели останува нејасно: Како им избега Груевски на безбедносните органи? Зошто од страна на службата беше оставен далеку од листата на приоритети? Зошто кон него немаше мерки на внимателност? Како ја премина границата меѓу Македонија и Албанија?
Кој му помогна? Дали има Албанци кои се вклучени во бегството на Груевски? Зошто властите во Тирана го затворија прашањето со едно единствено соопштение? Каде остана ставот на властите на Србија? Дали се вклучени структури на српското разузнавање во помошта Груевски за да избега? и над се, Груевски избега или зад неговото бегство се крие договор со власта? По се изгледа прашањата никогаш нема да добијат одговор и исходот ќе се одолговлекува со години, но тоа што се знае е дека овие прашања ќе се поставуваат при секои изјаснување на властите на Македонија и не само тогаш.