Допрва ќе гази во Холивуд: Еиза опасно секси на плажа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


28-годишната актерка Еиза Гонзалес упорно се труди и го пробива својот пат на успехот и славата во Холивуд и за неа допрва ќе слушате. Во меѓувреме, ужива во секој момент во животот, а последно беше фотографирана на егзотичните плажи на Хаваи, каде покажа опасно секси тело.

Еиза е мексиканска актерка, која во Холивуд го снима новиот блокбастер „Godzilla VS Kong” . Во паузата од снимањето на неколку дена се одмора на Хаваи, каде на плажата ги привлече сите погледи.

Таа ја започнала актерската кариера во родното Мексико, каде играла во телевизиски серии, за потоа да добие покана од Холивуд за улога во филмот „Baby Driver”.

Дека нејзината кариера во САД допрва доаѓа , докажуваат најавите за улоги и во други проекти, како што е улогата во филмот „Alita: Battle Angel“, на кој со години работел славниот режисер Џејмс Камерон.