Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
21 град и гратчиња од 14 европски земји се натпреваруваат за наградите „Зелена престолнина на Европа 2021“ (European Green Capital) и „Европски зелен лист 2020“ (European Green Leaf). Наградите привлекоа интерес и учество на многу градови од цела Европа, особено од јужна и источна Европа, меѓу кои и 13 града кои за прв пат аплицираат за истите.
„Зелена престолнина на Европа“ и „Европски зелен лист“ беа иницирани за признавање и наградување на достигнувањата на градовите во нивните напори и обиди да ја подобрат својата локална средина и квалитетот на живеење таму. И покрај тоа што многу европски градови се соочуваат со бројни еколошки проблеми, европските градови генерално се главни иницијатори во поглед на урбаната самоодржливост и често нудат пионерски иновативни решенија за борба со еколошките проблеми.
Е сега, во време кога мака мачи со енормното и опасно загадување на воздухот и нон-стоп се наоѓа во врвот од десетте најзагадени градови во светот, Скопје решило да се пријави за ваква и оваа награда.
Следните девет града се натпреваруваат за наградата „Европска зелена престолнина 2021“: Будимпешта (Унгарија), Каљари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Скопје (Македонија), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вастерас (Шведска).
А овие 12 града се во трка за наградата „Европски зелен лист 2020“: Авињон (Франција), Капосвар (Унгарија), Лапенранта (Финска), Лимерик (Ирска), Маирена дел Алкор (Шпанија), Мекелен (Белгија), Оливеира до Хоспитал (Португалија), Свиштов (Бугарија), Сентеш (Унгарија), Валмиера (Летонија), Виана до Кастело (Португалија) и Врање (Србија).