Дескоска не можела да одговори дали Груевски ќе лежи во затвор кај нас или не


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју за ТВ24, изјави дека во унгарските закони постои основ за повлекување на одобрениот азил. Притоа, таа ги негираше тврдењата на Унгарија дека барањето за екстрадиција е напразно поднесено.

Според Дескоска барањето за екстрадиција не е задоцнето, затоа што во секоја земја, вели таа, кога има паралелно барање за азил, прво се разгледува барањето за азил.

„Не можам да одговорам дали Груевски ќе лежи затвор или не, можам само да кажам дека ние како Влада ќе направиме напор да го вратиме. Ако се оди по правна процедура тој треба да биде екстрадиран. Владата ќе побара повлекување на одлуката за азил, затоа што нема причина да му биде одобрен азил. Должни сме да ги направиме сите напори и да ги искористиме сите правни средства. Товарот ќе остане на Унгарија“ – изјави Дескоска во синоќешното интервју на ТВ24.