Мајсторијата на Барди силно одекна во фудбалскиот свет: Доби прекар – „македонскиот Азар“!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонија го победи Гибралтар со 4:0, а во овој натпревар повторно во центарот на вниманието, не само на македонската, туку и на светската јавност се најде Енис Барди.

Барди во само три дена изведе две ремек-дела. Против Лихтенштајн постигна гол од слободен удар, за вчера на Арената „Филип Втори“ против Гибралтар да постигне уште поубав погодок.

Каква ремек-дело изведе Барди најдобро зборуваат реакциите на на Твитер, но и насловите со кои го опишаа медиумите.

„Барди ни покажа зошто се сака фудбалот“

Како и минатиот пат и овој пат реномираниот „Л’Екип“ повторно пишуваше за мајсторијата на македонскиот фудбалер.

Клубот на Барди, Леванте секако не пропушти да го објави погодокот на нашиот репрезентативец.

Можеби највпечатлив беше насловот на босанскиот медим кој на Барди му даде прекар „македонскиот Азар“.