Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден разбојник во Бразил направи лоша проценка кога се обиде на една девојка да ѝ го украде мобилниот телефон, не знаејќи дека таа владее потези од боречки вештини.
Типот го зграпчил телефонот од Сабрина Леите (22), не знаејќи дека таа тренира боречки вештини.
„Почна да бега, потрча по него, го стигна и го турна на земја. Додека лежевме на земја го фатила во шкрипец“ – рече таа за локалните медиуми.
Нејзините пријатели го снимија несреќниот крадец како вреска од болки додека девојката му ги врти прстите на раката и го држи прикован за земја. Како што рече, тие потези ги научила благодарение на тоа што веќе 4 години тренира џиу-џицу.