Секое утро започнувајте го со овој екстра здрав напиток – нема да згрешите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Да, постојат многу здрави и енергетски напитоци составени од безброј секакви состојки, но најд А морковот е една од тие намирници кои во секое време и лесно ви е достапна. Еве ги здравствените придобивки кои ви ги нуди овој зеленчук.

1. Го зајакнува имунолошкиот систем

Ова е особено важно во текот на сезоната на вируси. Покрај здравата исхрана, спиењето и спортот, можете да пиете и чаша сок од морков, во која има многу витамин Ц, кој како што веќе знаете самото тело не е во состојба да го произведе.

2. Го подобрува видот

Речиси сите знаат дека ова е вистина: витаминот А не само што е моќен антиоксидант, туку и е важен извор на хана за очите. Недостатокот на витамин А предизвикува ноќно слепило.

3. Помага да не јадете нездрава храна

Кога нешто ви се јаде (најчесто од досада), најчесто посегнувате по бонбони или чипс. Но, ако наместо тоа пиете сок од морков, ќе се чувствувате сити подолго време. Во една чаша сок има повеќе од 2 г протеини, така што ова е одлична ужина.

4. Ја подобрува состојбата на кожата

Благодарение на витамините А и Ц, кожата бргу зараснува, произведува повеќе колаген, а клетките стануваат здрави.

5. Помага при контролата на притисокот

Ако боледувате од хипертензија, сокот од морков дефинитивно ќе ви помогне. Калиумот помага во отстранувањето на негативните ефекти на солта и го држи притисокот под контрола. Калиумот исто така е добар и за срцето.

6. Помага при стомачни проблеми

Сокот од морков ќе ви помогне при надуеност. Ја намалува количината на гасови и помага во нормалното варење.

7. Го намалува холестеролот

Покрај притисокот, сокот од морков помага и при одржување на холестеролот што има благотворно дејство на здравјето на целото тело.