Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражните органи на Малта идентификуваа група од најмалку тројца Малтежани за кои се верува дека минатата година го организирале убиството на новинарката кој пипуваше за корупција Дафне Каруана Галиција.
Нивните имиња не се објавени, но истакнато е дека истрагата е во „многу напредна фаза“.
Каруана Галиција е убиена во октомври минатата година кгоа под нејзиниот автомобил експлодираше подметната бомба, а до сега се уапсени три лциа за кои се смета дека се одговорни за нејзиното убиство, но тие се изјасниле дека не се виновни,
Неделникот Сандеј Тајмс Малта наведува дека мотивите за убиството и натаму се непознати, но и се претпоставува дека има повеќе мотиви со кои се поврзуваат тројцата мажи обвинети за организација.
Засега не е откриено дали организаторите се од криминалниот, политичкиот или деловниот сектор.