Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со убедлива победа од 2:0 во сетови (6:4 и 6:3), германскиот тенисер Александар Зверев направи вистинска сензација на завршниот АТП Мастерс во Лондон.
Зверев во финалето, што медиумите го прогласија како судир на генерации, го совлада првиот фаворит на турнирот и водечки на светската ранг листа, Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:3.
За 21 годишниот тенисер од Хамбург ова е прв трофеј во второто учество на турнирите на осумте најдобри тенисери во сезоната и воедно втор триумф во четвртото соочување со српскиот ас.
Зверев до титулата стигна со четири победи и само еден пораз што го доживеа токму од Ѓоковиќ во рамки на групната фаза. Победата во Лондон му донесе 1.300 АТП бодови и паричен чек на 2.509.000 евра.