Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми веста ја донесоа како ексклузива, а потоа стогна потврда од сите еминентни медиуми во Европа – Манчестер Сити победил во траката за потписот на големата ѕвезда на Ајакс, Френки де Јонг.
Младиот Холанѓанец беше на мета на половина Европа, а особено силен интерес за него покажуваше Барселона.
„Мирор“ пренесува дека веќе е постигнат договор помеѓу Манчестер Сити и Ајакс за трансфер „тежок“ 61 милиони фунти (70 милиони евра).
Гвардиола од поодамна е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде замена за Фернандињо, а изборот падна токму на Де Јонг.
21-годишниот Холанѓанец е поливалентен играч за врска, стандарден холандски репрезентативец и според многумина новата голема ѕвезда на светскиот фудбал.
Manchester City have blown the competition out of the water and are close to sealing a £61m deal for Ajax star Frenkie De Jong. (Source: Sunday Mirror) pic.twitter.com/3BKUlqLYnW
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 18, 2018