Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сер Алекс Фергусон е човекот кој го издигна Манчестер Јунајтед меѓу најголемите клубови во светот, а после неговото заминување клубот се соочува со големи проблеми.
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, откри една интересна случка меѓу Алекс Фергусон и Руд Ван Нистелрој веднаш по поразот од Манчестер Сити во 2002 година.
Ван Нистелрој по мечот со еден противнички играч си го разменил дресот, а потоа Фергусон му одржал лекција.
„Овие дресови не се подаруваат. Тоа се мои дресови, тоа се клупски дресови и никако твои. Ти ги носиш привремено и тоа не е твоја сопственост да ја подаруваш“, му рекол Фергусон на Ван Нистелрој.
„Фергусон ни забрани да ги разменуваме дресовите во домашните натпревари и истакна дека подобро би било истите да ги даваме на фановите“, откри Невил.