Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Проти основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, човекот кој во 2010 година објави голем корпус на тајни американски документи, Соединетите Американски Држави имаат поднесено обвинение, објави Викиликс.
„Обвинителите невнимателно, во рамки на друг случај, го открија постоењето на обвинението кое требаше да биде тајна“, соопшти организацијата.
Точната содржина на обвинението против Асанж засега не е позната.
На Твитер „Викиликс“ напиша: „Американското министерство за правосудство ’случајно‘ го откри постоењето тајни точки на обвинение или на планови за такво обвинение против директорот на Викиликс Џулијан Асанж, во она што изгледа како грешка при копирање и спојување во друг случај, кој исто така се истражува во источниот округ на Вирџинија“.