Огнот му го стопи возилото додека спасуваше луѓе – тогаш го поздравија од Toyota


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Болничарот Алин Пирс и самиот речиси настрада додека спасуваше луѓе од пожарот кој беснееше во градот Парадајс, Калифорнија.

Наместо што побрзо да се евакуира, како остатокот од граѓаните, тој упорно се враќаше пробивајќи се низ пламените јазици за да извлече што повеќе луѓе од болницата која беше зафатена од пожарот. Неговата приказна ја пренесе новинарот од New York Times, Џек Никас.

„Ја имаа таа несреќа да заглават среде пожарот. Огнените јазици гореа од сите страни, гледаше како другите автомобили околу него се запалија и мислеше дека тој е следен. Дури сними и проштална порака за семејството“, пренесува новинарот Џек.

За среќа, набрзо се појаил булдожер кој го расчистил патот, а потоа Алин уште еднаш решил да се врати до болницата. Кога стигнал таму, неговиот автомобил бил изгорен од сите страни, а светлата буквално му биле стопени.

Но, Пирс не обрнал внимание, туку неуморно работел на тоа да што повеќе повредени лица со хеликоптер ги испрати на безбедно. Благодарение на неговата храброст и храброста на неговите колеги – сите преживеале.

Откако неговата приказна беше проширена по медиумите и социјалните мрежи, се огласија и од Toyota.

„Горди сме што си го ризикувал животот и на Toyota Tundra со цел да ги извлечеш луѓето на безбедно. Не се грижи за својот автомобил, ќе бидеме почестени да ти подариме нов таков“, му порачаа од автомобилскиот гигант.