ФОТО: Роналдо на две шишиња вино потроши 30.000 евра, Георгина уживаше во пиво кое и не е така скапо


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо уште од Светското првенство во Русија не присуствувал на собир на репрезентацијата, па и оваа репрезентативна пауза ја искористи за мал одмор со неговото семејство.

Ѕвездата на Јувентус заедно со неговата партнерка Георгина Родригез и најстариот син отпатува во Лондон.

Роналдо присуствуваше на тенискиот меч помеѓу Ѓоковиќ и Иснер, додека во вторникот вечерта присуствуваа на балет во „Royal Opera House“.

„Ми се оствари сонот…Ти благодарам љубов моја“, напиша преубавата Георгина на фотографијата од славната оперска куќа.

 

Роналдо престојува во луксузниот хотел „Булгари“ во која една вечер изнеува 10.000 евра. Покрај тоа новинарите го фотографираа Роналдо на вечера со Георгина, а можеше да се забележи дека пие скапоцено вино.

Португалецот уживал во виното „Риченбург Гранд Кру“, според многумина тоа е најскапото вино во светот за кое Роналдо платил 20 илјади евра. Потоа тој нарачал „Померол Петрус“ од 1982 година кое има вредност од 10.000 евра.

Интересно што Георгина била забележана како пие пиво „Сапоро“ кое може да си го дозволат и „обичините“ луѓе со оглед на тоа што во поглемиот дел од светот има вредност од околу 2-3 евра.