Макрон до Трамп: Франција е сојузник, а не вазалска држава


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После агресивниот твит на американскиот претседател Доналд Трамп насочен кон францускиот претседател, Макрон му возврати на Трамп дека две земји како Франција и Америка, кои се долгогодишни сојузници, мора со почит да се однесуваат меѓусебно, додавајќи дека Франција е сојузник на САД, но не е вазалска држава.

Во петте поста објавени вчера на Твитер Трамп го критикуваше клучниот американски сојузник поради поразот кој речиси го доживеа од Германија во двете светски војни и поради винската индустрија и ниската популарност на Макрон.

„Во секој момент од нашата историја сме биле сојузници, а меѓу сојузниците е потребно почитување“, кажа Макрон, истакнувајќи ја француската поддршка во американската војна за независност и американската поддршка во двете светски војни.

„Мислам дека Французите не очекуваат да одговорам на твитовите, туку да ја продолжиме таа важна историја“, кажа Макрон во интервју на носачот на авиони Шарл де Гол.

Тој истакна дека Трамп „игра“ за домашната публика. „Мислам дека си игра политика, и го оставам да си игра политика“, кажа Макрон.

На прашањето за неговиот предлог за формирање европска војска, што Трамп го критикуваше на Твитер минатата недела, францускиот претседател одговори: „САД се наш историски сојузник, и ќе продолжат да бидат тоа. Тоа е сојузник со кој сме преземале ризици, со кој сме изведувале најкомплицирани операции. Меѓутоа, да се биде сојузник не значи да се биде вазалска држава“.

„Покрај тоа, нема понационалистичка земја од Франција, горд народ – и со право!“, напиша Трамп во серијата твитови, завршувајќи со порака со големи букви: „Да ја направиме Франција повторно голема“.