Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со тврдење дека баратели на азил кои се обиделе да ја преминат босанско-хрватската граница биле претепани од хрватската полиција, британски The Guardian објави вознемирувачко видео со крвави сцени.
Британскиот медиум тврди дека мигранти од Алжир, Пакистан и Сирија, кои барале азил, биле задржани од хрватската полиција, а дел од нив сведочат дека биле брутално претепани и вратени назад. Освен Guardian, и други медиуми пренесуваат за бруталниот третман кој го имаат мигрантите од страна на хрватските полицајци.
На видеото прво се слуша гласот на еден од мигрантите кој вели дека хрватските полицајци ги тепале, а потоа се прикажува човек чие лице е прекриено со крв.