Миле Јанакиески и Кирил Божиноски притворени во Шутка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Телма пренесува дека во текот на изминатата ноќ, во затворот во Шутка биле притворени бившиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и бившиот генерален секретар на Владата, Кирил Божиноски.

На двајцата им е определан мерка притвор од 30 дена, поради можност  од бегство.

Двајцата се под истрага за случајот „Талир“, а се обвинети и во неколку други случаи за кои се водат судски процеси меѓу кои и „Титаник“ за кој што денеска е закажано рочиште во 9.30 часот.

Синоќа Јанакиески го осуди бегството на Никола Груевски, бидејќи тоа ќе им наштети на другите обвинети во случаите на СЈО.