Луксуз за „сите пари“: Роналдо го „реши“ Милан, па си уплати одмор во Лондон! (ФОТО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо вчера учествуваше во победата на Јувентус на „Сан Сиро“ со победа од 0:2, а веќе утрово одлучи да си даде краток одмор.

Во раните утрински часови Кристиано со партнерката Георгина и најстариот син се упати кон Лондон каде што ќе престојува во луксузниот хотел „Булгари“.

Роналдо избра еден од најдобрите лондонски хотели и сигурно дека цената за една вечер во овој хотел е огромна.

Помеѓу останатото, апартманот на Роналдо содржи дневна соба во италијански сил, две бањи и прозори со максимална изолација. Колку е скап овој хотел доволно зборува тоа што паркингот пред хотелот се наплатува 50 фунти од час.