„Закопани секирите“ од „виновниците“ за почетокот на Првата светска војна


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Измина повеќе од еден век од почетокот на тогаш, а и денес, една од најкрвавите војни во историјата на човештвото, Првата светска војна.

Денес, над еден век по првото големо завојување на најмоќните светски сили во 20-ти век, за прв пат, беа „закопани секирите“ од потомците на „виновниците“ за почетокот на Првата светска војна. Наследниците на Хабсбуршката монархија и оние на атентаторот Гаврило Принцип си подадоа рака во Грац.

По повод 100-годишнината од Првата светска војна, како дел од настанот „Ракување за мир”, во Грац се ракуваа Анита Хохенберг, праправнука на австрискиот надвојвода Франц Фердинанд, и Бранислав Принцип, правнук од братот на Гаврило Принцип.

„Беше тоа прва средба на претставници на двете семејства и навистина беше емотивно” изјави австрискиот уметник Игор Петковиц.

Тој во Грац организира низа настани за одбележување на Првата светска војна и ги повика наследниците поради чии предци и почнала војната со убиството на Фердинанд и неговата сопруга од страна на Принцип во Сараево на 28 јуни 1914 година.

По еден месец , Австро- Унгарија објави војна на Србија со што почна Првата светска војна.

Сто години подоцна, нивните потомци сè уште се живи. Анита Хохенберг управува со семејниот дворец Арстетен, каде се погребани Фердинанд и неговата сопруга Софија, додека Бранислав Принцип е филмски работник и живее во Србија.