Реал купува шпански репрезентативец за „смешна“ сума


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раководството на Реал Мадрид сериозно размислува да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок.

Весникот „Марка“ пренесува дека примарна цел на „кралевите“ е дефанзивецот на Еспањол, Марио Ермосо кој доби повик од Енрике во шпанската репрезентација.

Ермосо покажува фантастични партии оваа сезона и го привлече вниманието на многу големи клубови, меѓу кои и „кралевите“.

Ермосо е дете од школата на Реал Мадрид, но во 2017 година направи трансфер во Еспањол. Меѓутоа во договорот има клаузула според која „кралевите“ ќе можат да го вратат во Мадрид за само 7,5 милиони евра.

Еспањол не сака да се раздели од 23-годишниот дефанзивец, но медиумите тврдат дека Реал е решен да ја активира клаузулата и да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.