Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
49-годишниот славен холивудски актер Овен Вилсон пред еден месец ја добил, од врската со Варуни Вонсвиртс, ја доби ќеркичката Лили. Но, актерот и после еден месец од нејзиното раѓање, одбива да го види бебенцето.
Холивудскиот актер Овен Вилсон наводно самиот одбива да ја види својата штотуку родена ќерка која ја доби од врската со Варуни, со која 5 години беа во љубовна романса. Медиумите наведуваат дека барал ДНК анализа, за потврда дека тој е таткото на девојчето Лили, која е родена пред три недели.
„The Sun“ наведува дека глумецот дури одбил да го подели старателството со нејзината мајка. Инаку, иако не останал во врска со ниту една од мајките на своите два сина, Овен ги превземал татковските должности и со задоволство поминува време со децата. Но, сепак, според гласините во медиумите, Овен нема таква намери со Лили.
„Ова е приватна работа и не сакам да коментирам“, рекол претставник на актерот за медиумите и новинарите.