Груевски уште на слобода – ги користи сите мерки за одложување на затворот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бившиот премиер на Македонија, Никола Груевски, уште е на слобода, иако вчера беше последниот ден за негово пријавување за одлежување на правосилната двегодишна затворска казна за негова вмешаност во случајот „Тенк“.

Причината за тоа е фактот дека Кривичниот совет уште ги добива жалбите на одлуката да не се одложува одењето на Груевски на издржување казна, а рокот од 72 часа да одговори на жалбата истекува во понеделник.

Иако повеќето медиуми проценуваат дека шансите да му се одложи заминувањето во затвор на Груевски се многу мали, Груевски уште неколку дена ќе се шета на слобода.

Во меѓувреме, екс премиерот настојува да остане на слобода и преку Врховниот суд бара вонредна ревизија на пресудата, што сепак не го одложува извршувањето на пресудата.

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања пак одлучи на Груевски да му се укине пратеничкиот имунитет. Сепак, за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, а се поизвесно е дека тоа нема да биде обезбедено.