Чиј е оригинал: Кавга на финалето од Miss Bum Bum 2018


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На овогодинешното издание од еден од најпровокативните натпревари за (некој вид) на убавина на светот, Miss Bum Bum, една од натреварувачките во трка за „најжежок задник на Бразил“, предизвика хаос на сцената тврдејќи дека само нејзиниот задник е природен, обвинувајќи две девојки за пластична корекција на задниците.

31-годишната Елен Сантана е прогласена за победничка на изборот „Miss Bum Bum“ одржан во Сао Паоло. Целиот настан се претвори во циркус откако налутената учесничка Алина Ува ја симна победничката лента од Сантана, велејќи дека таа не ја заслужува победата.

27-годишната Ува тврди дека има 100% природен задник, додека задникот на Сантана е резултат на хируршки зафат. Истите обвинувања ги насочи и кон третопласираната Паула Оливеира која е родена како машко, но пред 6 години го сменила полот.