Србите тврдат: Нивни доктори го спасиле Шаќири да не биде инвалид!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес големиот Ливерпул и гостува на Црвена Звезда во рамките на Лигата на шампиони, а главна тема е играчот на „црвените“ Џердан Шаќири.

Швајцарецот роден на Косово ги „провоцираше“ Србите на Мундијалот, па овие му спремаа „пеколен“ пречек. Поради тоа тренерот Клоп одлучи да не го повика играчот за овој меч.

Денес српските медиуми откриваат дека Шаќири бил роден со деформитет и еден српски лекар со користење на револуционерна метода го спасил стапалото на Шакири.

„Шакири е роден со вроден деформитет на десното стапало. Стапалото му било свртено кон внатрешната страна поради недостаток на простор во стомакот на мајката. Веднаш по раѓањето Џердан од Гњилане бил испратен во болница во Врање, а потоа и во Белград во познатата детска Универзитетска болница во Тиршова. Таму го лекувал познат српски доктор, стручњак за такви деформитети“ откри добро информиран извор за српски „Информер“.

Докторот тогаш ја применил т.н „Понтсетиева метода“за да се избегне ризичната операција на стапалото.
„Овој метод на лекување тогаш почнувал да се применува во медицината. Се подразбирало носење на лонгета во траење од 5 до 8 недели. Подоцна на детето му се прават посебни обувки кои се носат до третата година од животот“, открива изворот.