Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот човек на највредната азиска компанија „Alibaba Group Holding“, Џек Ма, за трговската војна помеѓу САД и Кина изјави дека е „најглупавото нешто на светот“.
Двете земји меѓусебно си воведоа увозни царини на стотици милијарди долари вредна стока, а американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека, доколку трговскиот спор не се реши, ќе удри со царини и врз преостанатите 500 милијарди долари кинсеки извоз во САД.
Џек Ма ја коментираше ситуацијата со трговската војна при посетата на саемот Чајна интернешнал импорт експо (ЦИИЕ), кој се одржува во трговскиот и финансиски центар на Кина Шангај.
„Американскиот трговски дефицит со Кина кој Трамп го обвинува за низа различни економски болки на САД, помогна да се отворат нови работни места во Америка и без нив таа земја би имала големи проблеми“, додаде Ма.
Тој кажа и дека пренасочувањето на кина на увозен модел на економија „ќе биде голем удар за многу компании, но ќе отвори и многу добри прилики за голем број потрошувачи“.
Истакна и дека кинеската влада не треба да се грижи за иновациите кои треба да ги поддржува дури и ако им се закануваат на некои стари „разгазени“ интереси. „Мојот став е: Не плашете се од технологијата! Луѓето кои се плашат од технологијата се прво постарите луѓе, второ владата и трето успешните луѓе, бидејќи ја мразат и се плашат од неа. Никогаш не сум видел млади луѓе да се плашат од технологијата“, заклучи Ма.