За 25 минути се породи на каса во супермаркет (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


28-годишна Русинка до крајот на животот ќе го памти ова нејзино одење да пазари во супермаркет.

Кога Русинката дошла до каса за да ги плати производите, добила интензивни породилни болки. Мирно и објаснила на касиерката дека ќе се породи.

Брзо сите скокнале да и помогнат и ја легнале на подот. За само 11 минути на свет го донела малечкиот Иван. Двете касиерки и двајца купувачи и помогнале на бремената жена се да помине во најдобар ред.

„Немаше време за размислување“, рече касиерката Елена.

Таа на почетокот испаничила, но брзо повикала Итна помош. Додека дошле лекарите, се било готово пред очите на зачудените купувачи.

Како што се наведува, жената во продавницата била вкупно 25 минути, а породувањето траело 11! Некои медиуми пренесуваат дека ова и е шесто дете, па така не е ни чудно што се поминало мирно.