Тевдовски: Воведуваме прогресивен данок со граница од 1.500 евра и пензиски реформи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференција, која ја држеа заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, најави нови даночни и пензиски реформи кои ќе ги воведе Владата на чело со СДСМ.

Воведување дополнителна стапка од 8 процени за доход кој надминува 90 илјади денари месечно, најави Тевдовски на конференција за новинарите.

,,Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 проценит за доход кој надминува 90 илјади денари месечно. Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илајди денари го избравме бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 проценти од вкупното население” – истакна Тевдовски.

Со тоа државата ќе обезбеди дополнителни 25 милиони евра кои Владата планира да ги искористи за борба против сиромаштијата.