Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рускиот инженер Сергеј Савицски (горе) во историјата ќе остане запаметен како првиот човек кој се обиде да изврши убиство на Антарктикот.
Сергеј и неговиот колега, научникот Олег Белогузов, изолирано живееја неколку години во антарктичката станица Белингхаузен. Савицски деновиве, му заби нож во градите на својот колега Белогузов во станицата Белингхаузен и тоа за бизарна причина.
Научникот толку многу се изнервирал кога неговиот колега му го кажал крајот на книгата што ја читал , што го нападнал со нож. И двајцата научници се страствени љубители на книги, така што Савицски, кога Олег му го открил крајот на книгата, му се нафрлил со нож со намера да го убие.
Савицки веднаш по инцидентот е депортиран во Русија и моментално е во домашен притвор во очекување на судско рочиште. Тој за руските медиуми изјавил дека му е многу жал и дека алкохолот имал влијание да избувне на таков начин.
Белогузов е надвор од живтона опасност, но итно бил префрлен со хеликоптер во Чиле со нож во градите. Ножот му го повредил срцето , така што му била извршена операција. Двајцата колеги во станицата на Анктарктикот минале неколку години во целосна изолација.