Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога ќе се спомене италијанскиот автомобилски бренд Lamborghini, самото име веднаш е асоцијација и синоним за луксуз комбиниран со спортски стил и брзина.
Овој италијански автомобилски бренд сите свои суперспортски модели ги произведува во фабричко-производствениот капацитет лоциран во италијанското гратче Сант Агата Болоњезе.
Комплетното производство на Lamborghini се одвива во погонот во местото Сант Агата Болоњезе во Италија. Пред да биде претставен моделот урус во 2017, фабриката беше проширена па нејзиниот капацитет сега изнесува 8.000 возила годишно.
Тоа е можеби скромен резултат ако се спореди со бројките на компаниите кои изработуваат автомобили за широките народни маси, но треба да се има предвид дека тука станува збор за егзотични суперавтомобили кои чинат по неколку стотици илјади евра, па и повеќе. Во тој контекст производството од 8.000 автомобили годишно е голем успех особено ако се знае дека ривалите во класата главно произведуваат помалку возила.