Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бронзената статуа со која е претставен индискиот херој на независноста, Сардар Валабахаи Пател, а која Индијците ги чинеше 400 милиони долари, официјално е највисоката статуа на светот.
Статуа на единството е речиси двојно поголема од Статуата на слободата во Њујорк. 182-метарскиот споменик на Пател е дел од напорите на Хинду националистичката партија на Нарендра Моди за ребрендирање на „заборавените“ лидери.
Индискиот премиер Наренда Моди рече дека Пател сакал земјата да биде напредна, моќна, будна и прилагодлива нација. „И ние работиме на тоа“, рече Моди на церемонијата.
Парите за статуата се обезбедени од страна на сојузната влада, државни компании и други институции, а е изградена за 33 месеци. За изградба на статуата се искористени 210.000 кубни метри цемент, 25.000 тони челик и 1.700 тони бронза.
И додека Моди рече дека статуата ќе биде одлична туристичка атракција, локалното население верува дека правењето на статуата е само „фрлање пари“.
Оваа статуа ќе ѝ ја одземе титулата највисока статуа на статуата на Буда од Пролетниот храм во Кина, која пред Пател беше највисока статуа од 128 метри.
Статуата Пател нема да биде највисока долги години, бидејќи веќе е започната работата на споменик во височина од 212 метри за кралот од 17 век, Чатрапати Шиваџи во Мумбај.