Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
17-годишно момче на влезот од објектот на руската тајна служба ФСБ, во пристанишниот град Архангелск, извадило рачно изработена експлозивна направа која му експлодирала во раце.
Руските власти сметаат дека експлозијата која се случи во зградата на руската тајна служба ФСБ, во пристанишниот град Архангелск, на северот на земјата, е терористички напад.
Национален антитерористички комитет. Во нападот се повредени тројца службеници на ФСБ. Надлежните институции отворија истрага за тероризам и поседување експлозив.
Што стои во позадината на нападот, сѐ уште не е познато. Момчето влегло во зградата на ФСБ изутрината. Според досегашните информации, момчето е жител на Архангелск. Тоа починало непосредно по експлозијата и покрај медицинската помош која му била пружена. По експлозијата се зајакнати безбедносните мерки во сите јавни институции.
Последниот напад врз канцеларија на ФСБ се случи во април 2017 година, во источен Сибир. Тогаш вооружен напаѓач уби две лица, а потоа беше убиен од безбедносните сили. За овој напад одговорност презеде терористичката организација „Исламска држава“.