Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бившиот потпретседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој беше еден од исклучените од партијата, во синоќешното издание на емисијата „Отоврено“ откри дека неговото семејство добивало закани со смрт доколку тој излезел и учествувал во споменатата емисија.
Информацијата ја потврди самиот Јанчев во телефонско јавување во емисијата .
„Последниот месец константно имам закани на Фејсбук и преку СМС пораки. Денеска закана доби мојата сопруга на телефон и тоа беше причина да не присуствувам во емисијата. Сакав да бидам со семејството во Кавадараци. Се работи за збир на околности кои се претходно пријавени во полиција”, рече Јанчев во телефонското јавување.
Тој не знае од каде доаѓаат заканите но претпоставува дека се работи за лажни ботови, но тоа вели е работа на службите да откријат, додека телефонските проеви од кои се праќани СМС пораки се пријавени во полиција.
„Пред референдумот имав ваква закана: „На Јанчев во сон му се јавил татко му и му рекол доколку излезе да гласа, за брзо време ќе се видат, а татко ми е покоен од 2005“, додаде Јанчев.
Јанчев, како што кажа, добил уверување од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека заканите не се од негова страна и од страна на ВМРО-ДПМНЕ.