Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Незапаметена трагедија го здрма Лестер во саботата откако се сруши хеликоптерот и загинаа пет лица, помеѓу кои беше и претседателот на клубот.
Лестер потврди дека животот во овој трагичен настан го загубил претседателот Вичај Шривадханапраба, но и уште четири лица.
Денес со соопштението од полицијата беа откриени и нивните идентиети, а една од нив Нурсара Скунами која е поранешна мис на Тајланд. Таа била прогласена за најубава жена во Тајланд во 2005 година, а била дел од семејството на сопственикот на Лестер.
Нурсари беше активна на друштвените мрежи, а често објавуваше и фотографии од натпреварите на англискиот клуб, како и со фудбалерите на „лисиците“.