Кога нема слободно седиште, претседателот на Финска си седи на скали


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во светот на нормалните луѓе ова и вака е – нормално. Само кај нас политичарската ароганција самите политичари си ја сметаат за правило и чалам кој треба да си го дозволат.

Претседателот на Финска, Саули Нинисте, на почетокот на октомври отишол на Саемот на книги во градот Турку за да го слушен говорот на неговата сопруга Џени Хауко.

Но салата била преполна и немало ниту едно слободно седиште, па претседателот седнал на скалите. Неколку посетители му понудиле да се седне на нивните места, но тој љубезно ги одбил.

Потоа, претседателот на Твитер напишал дека на скалите му било сосема удобно бидејќи можел да замине во секое време, но тој не го сторил тоа, порачувајќи дека говорот на неговата сопруга бил исклучително важен и интересен.

Финскиот претседател во април, оваа година, беше во официјална посета на Хрватска, а во својата земја се врати со авионски лет од нискобуџетната компанија „Norwegian“, патувајќи со економска класа. Според финските медиуми, Нинисте обично патува со бизнис класа, но од Сплит до Хелсинки немало можност за тоа, па патувал како и сите останати патници.