ДОМ со нова претседателка: Маја Морачанин на местото од Поповска


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Партијата ДОМ на вчерашниот, четврт по ред, партиски конгрес со мото „Зелени вредности – наша трајна визија”, ја замени своајта претседателка Лилјана Поповска, која по три лидерски мандати одлучи да се повлече. Единствен кандидат за нејзин наследник беше Маја Морачанин која и официјално стана нова претседателка на партијата.

На четвртиот конгрес на ДОМ кое се одржа денес под мотото „Зелени вредности – трајна визија“ присуствуваа 300 делегати а за претседателка на ДОМ едногласно беше избрана пратеничката Маја Морачанин.

Заблагодарувајки се на довербата, таа ја истакна убеденоста дека со тимска работа, преку соработка со граѓанските здруженија и Европските Зелени, ДОМ ќе има успешна иднина.

На Конститутивната седница на Централниот одбор на ДОМ што се одржа по завршување на Конгресот, беа избрани четири потпретседатели на ДОМ: Мирослав Богдановски, Бети Дејанова, Христа Најданов и Ана Петровска. За секретар на ДОМ беше избран Љупчо Јаневски.