Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Роберт Бауерс, е 46-годишниот маж кој пукаше во синагогата во Потсбург по што загинаа 11 лица, а шестмина се повредени.
Тој влегол во синагогата во Питсбург и отворил оган врз присутните, а официјалните власти истакнаа дека 11 лица се убиени. Американските медиуми објавија дека повеќе од 10 лица се повредени, вклучувајќи и шестмина полициски службеници.
„Во нападот загинаа 11 луѓе“, посочи директорот за јавна безбедност на Питсбург, Вендел Хајриш на прес-конференцијата и додаде дека нема деца меѓу жртвите.
Властите рекоа и дека напаѓачот се предал и бил ранет во размената на оган со полицијата. Бил уапсен и идентификуван како Роберт Бауерс.
Нападот се случил во близина на синагогата „Дрво на животот“, додека верниците биле собрани на редовната служба за сабат, каде што истовремено била одржана церемонијата на давање име на бебе.