Тврдеа дека е во хеликоптерот, а тој се огласи на Твитер! (фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синоќа голема трагедија го потресе Лестер, откако се урна хеликоптерот на сопственикот на клубот, Вичај Шриваданапраба, но и после 15 часа нема информации кои лица се наоѓале во леталото.

Медиумите постојано пласираат контрадикторни информации, а синоќа „Би-Би-Си“ објави дека најверојатно во леталото бил и тренерот на Лестер, Клод Пуел.

Меѓутоа, денес францускиот стратег преку Твитер се огласи и потврди дека е добро, а притоа испрати и порака до жртвите и нивните семејства.

„Ова е трагедија за клубот. Моите мисли се со жртвите и нивното семејство. Сакаме сите да ги спасиме. Неверојатно е ова што се случи и навистина сум тажен. Сакам да кажам дека не сум бил во хеликоптерот и дека сум добро“, напиша Пуел.