Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Синоќа голема трагедија го потресе Лестер, откако се урна хеликоптерот на сопственикот на клубот, Вичај Шриваданапраба, но и после 15 часа нема информации кои лица се наоѓале во леталото.
Медиумите јавуваат дека внатре имало шест луѓе, а „Би-Би-Си“ тврди дека во леталото сигурно бил сопственикот на клубот, а се стравува дека со него била и неговата ќерка.
Додека јавноста ги чека првите официјални информации, преку Твитер се огласи еден од пилотите кои го возеле тој хеликоптер, Филип Амадеус, но за негова среќа вчера имал слободен ден.
„За сите оние кои се јавуваа, јас не бев на синоќешниот лет. Моите мисли се со оние кои беа на него“, напиша Филип.
For all those that have been calling, it wasn’t me flying last night. Thinking of those that were #LCFC pic.twitter.com/FNtHgi0FIo
— Philip Louis Amadeus FRGS (@PhilipAmadeus) October 28, 2018