Жени: Поголема љубов кон пријателите, отколку кон сопругот?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пријателите веројатно ве познаваат подобро од било кого. Тие биле покрај вас по сите разелби, првиот бакнеж, непријатни состаноци, но со нив сте ги создале и своите најдраги спомени.

Дури и кога вашиот партнер и вашите пријатели совршено се согласуваат, сепак можат да ви понудат тие нешто што партнерот можеби не може. Тоа е можеби и причина зошто, како што покажува новата студија, жените повеќе ги сакаат своите пријателки од сопругот.

Студијата во која учествувале 1.517 жени покажува дека 44% од нив некои работи кои може да ги кажат на своите пријатели не можат на својот сопруг. Дамите како причина зошто повеќе ги сакаат пријателките наведуваат „можеме да разговараме за се“, „тие навистина ме слушаат“ и слично.

Кога истражувачите ги запрашале со кого повеќе би сакале да излезат на пијалок, 30% од нив ја одбрале пријателката. Покрај се, жените велат дека им е подобро кога сопругот не би бил ниту во близина.

Пријателите навистина се важни, тие го збогатуваат вашиот живот на многу начини, па дури можат и да ја подобрат вашата љубовна врска, барем така покажа истражувањето на Универзитетот во Тексас.

Ова истражување покажа дека личностите кои знаат дека имаат поддршка од семејството и пријателите, дури и во моментите кога се во конфликт со брачниот партнер, тој конфликт го доживуваат како помалку психолошки стресен. Има смисла да, кога со вашиот партнер не ви оди баш најдобро, можете да добиете добар совет од пријателите и така тие да ви ја подобрат романтичната врска.

Така што, никако немојте да ги заборавите пријателите бидејќи тие секогаш се тука покрај вас, но гледајте и да не го запоставите партнерот поради тоа.