Тодоров: Барам да бидам сослушан, после ОК нека носи одлуки…!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екс министерот за здравство, Никола Тодоров и денес се обрати на социјалните мрежи по повод наводите и информациите од раководството кои велат дека тој е следен на листата исклучени од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Тодоров денес му се обрати на претседателот на ОК Карпош и побара да биде повикан на состанок за да може да ја каже својата страна, па потоа да остави ОК да носи одлучи.

Имам право на тоа. Ако барем малку верувате во четирите свети букви.

ВМРО е Демократска Партија за Македонско Национално Единство. Демократска! Ако е така, не само што јас имам право на тоа, туку вие имате обврска.

Имате обврска да ме ислушате, да ми ги предочите вашите факти и докази, но и да ги слушнете мојте. Ова е темелно начело на правдата и еднаквоста и немате никакво право да ми го ускратите тоа.

Затоа барам да ме повикате на состанокот на ОК, да ми ги презентирате фактите и доказите против мене, да ги слушнете моите аргументи, и потоа да ја донесете одлуката.

Да те потсетам Тони, и во социјализмот/комунизмот постоеше и се применуваше ова правило во сите случаи освен кога стануваше збор за политички ликвидации и политички монтирани случаи. ВМРО се бореше против тоа и за жал и самото беше жртва на таквите политички ликвидации и конструкции.

Лошо и недозволиво е што и денес, во слободна, суверена, самостојна и демократска Македонија треба да се бориме против истото. Но не е тешко, ништо не е тешко кога се бориш за татковината, ќе се изборам.

Во очекување на позитивен одговор,

Те поздравувам

П.С. Го барам ова јавно, бидејќи се чуствувам слободен и бескрајно верувам во демократските принципи на кои се темели мојата партија“ напиша Тодоров на Фејсбук.