Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денешната прес конференција на македонската репрезентација беше промовиран и потпишан договорот за спонзорство меѓу Халкбанк и Ракометната федерација на Македонија.
„Црвено-жолтите“ утре против Турција стартуваат во квалификациите за Европското првенство 2020.
„Почнуваме нов циклус, заедно со новиот наш партнер „Халкбанк“ се надеваме на нови успеси. Знаеме која ни е целта. Со максимален респект кон сите репрезентации од нашата група, се надевам дека со добра игра, квалитетна игра, дека ќе бидеме од ден во ден подобри и ќе ги искористиме овие натпревари за настапите на Светското првенство во јануари во Германија“, изјави капитенот Лазаров.
Селекторот Раул Гонзалез е претпазлив и истакна дека противниците не смеат да се потценат.
„Не е лесно да се најде добар спонзор, затоа сум горд на ова. Ние сега треба да се обидеме да се оддолжиме со победа на следните два натпревари, не треба никого да потцениме, нема да биде лесно“, вели Раул Гонзалез.