Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Импресивниот видео запис кој е направен во водите на Јужниот Океан прикажува необично морско суштество за кое подоцна е утврдено дека припаѓа на видот морска краставица „Enypaniates eximia”.
Ова суштество кое многумина ги потсети на „безглаво пиле“ првобитно го доби прекарот „чудовиште“, а забележано е како плива околу брегот на источниот Антарктик, што е прв пат да биде забележан овој вид во оваа подрачје.
„Снимките од камерите ве оставаат без здив, вклучувајќи вид кој никогаш претходно го немаме видено во овој дел од светот“ – изјавил доктор Дирк Велсфорд, од програмата на Австралиската антарктичка дивизија.
Суштеството има облик на буре, додека телото во целост е транспарентно. Најмногу време поминува на дното на океанот.
Морската краставица, претходно е видена само на едно место, во Мексиканскиот залив во 1984 година.