Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нашта галаксија Млечен Пат, таква каква што ја знаеме, нема да постои и трае вечно и тоа е факт кој е веќе познат и јасен за научниците.
Астрономските истражувачи и научници се веќе сигурни дека ние, поточно Млечниот Пат, со секоја измината секунда итаме кон нашиот галактички сосед, галаксијата Андромеда, движејќи се со брзина од околу 400.000 км/ч.
Кога ќе дојде до судирот, за околу 4 милијарди години, повеќето истражувања велат дека поголемата галаксија Андромеда ќе ја голтне нашата и ќе преживеат. Но во една неодамнешна студија астрономите ја премерија Андромеда и открија дека таа е приближно еднаква на 800 милијарди сонца, или приближно еднаква на масата на Млечен Пат.
Тоа значи дека останува отворено прашањето која точно галаксија ќе излезе помалку оштетена од идниот галактички судир.